Заљубеноста трае само 5 мин
Иако многумина љубовта ја доживуваат како нешто имагинарно и немерливо, сепак научниците се сложија и го прецизираа точниот врменски...
... интервал на траењето на љубовта.
Резултатот е едноставен и застрашувачки. Имено, според нив, заљубеноста трае вкупно 5 минути, а љубовта не повеќе од 4 години.
Истражувањата до сега тврдеа дека за многу парови кризна е 7-та година од бракот, но денешните резултати покажуваат дека кризата сепак доаѓа 2-3 години порано.
До овој податок истражувачите дошле потпирајќи се на своето искуство и додаваат дека ако се преживее оваа криза, до развод во повеќе од 50% од случаевите доаѓа по 12 години. Тие тврдат дека лицата кои остануваат во брак после 3-4 години се заедно од морални, друштвени и економски причини.
Не се криете позади вашите деца
Што се однесува до делот "остануваме заедно поради децата", истите научници велат дека со текот на годините се помала е веројатноста дека децата се причина за родителите да останат заедно и дека децата можат да го спасат лошиот брак.
Зарем не сметате дека токму децата страдаат поради несогласувањата на своите родители со што не си нанесуваат штета само на себе, туку и на децата кои се трауматизираат од таквите непријатности.
Некои брачни советници, децата ги гледаат како заштитнички ѕид позади кој се кријат оние родители кои не се доволни силни да се соочат со своите проблеми.
Крајот на љубовта и заладувањето на односите може да се види и по тоа дека сите брачни двојки, по неколку години едноставно забораваат на страста.
Нивниот однос неприметливо преминува во обврски кои се должни заедно да ги завршат, а секој посебно е дополнително преокупиран со децата и работата.
Но, не се откажувајте бидејќи има надеж; колку и уморни да сте, понекогаш најдете време да го изненадите својот партнер со некаква ситница, и потсетете го зошто сте го избрале баш него за ваш животен сопатник.
Ако секои 4 години љубовта престанува, тогаш на секоја 4-та година најдете специфичен начини како повторно да се заљубите во вашиот актуелен партнер. Заведете го нежно и задржете го...и докажете дека љубовта може да трае вечно!