5 магични зборови со кои ќе ја прекинете секоја расправија
Добро знаеме дека краткото и слатко „Те сакам“ нема да ги реши проблемите, ниту да ги смири расправиите. Но, постои исказ кој според научниците може да ви помогне.
Корин Милер е британска блогерка која одлучила на своите фанови да им го сподели своето неверојатно искуство кое успеало нејзиниот брак да го доведе до совршенство.
Таа работи како Менаџер на човечки ресурси во некоја голема компанија и нејзината работа се основа на психолошки пристап на работниците и постигнување на хармонија на работното место.
Сосема случајно го употребила изразот за време да една домашна расправија и открила дека може секојдневните расправии за сите мали ситници да ги сведе на здрава комуникација.
Нејзиниот сопруг Крис има прилично стресна работа и често знаел да ги пренесе фрустрациите и дома. Така една вечер кога седеле заедно на трпезаријата и тој ги споделувал секојдневните проблеми со неа, започнал да и вика.
Многу кратко го прашала: „Како можам да ти помогнам?“.
По изговарањето на овие зборови Крис малку се смирил и продолжил со разговорот.
Корин се воодушевила и решила да го употребува тоа прашање секој пат кога ќе започнат расправиите меѓу нив двајца. Многу бргу оваа информација ја споделила и со своите фанови и побарала повратни информации околу тоа дали успешни овие зборови и меѓу другите парови.
Секако, одговорот бил позитивен.
Во што е тајната?
Одговорот е прилично едноставен. Петте магични зборови се доволни да му покажете на партнерот дека вистински се грижите за него и се интересирате за неговите проблеми. Покажувате емпатија и му нудите поддршка за да го преброди стресот.