Модерните жени пребираат
И додека повеќето мажи се подготвени да се смират покрај жената која за нив е "доволно добра", жените се уште го бараат совршениот принц...
... мажот од своите соништа, сo кој ги споредуваат сите останати мажи. Интересно тоа што повеќето жени кои не се откажуваат од своите соништа, обично и го наоѓаат она по што трагале.
Зошто модерните жени толку пребаруваат кога е во прашање љубовта?
Првата причина е поврзана со парите - денес жените имаат можност да заработат еднакво или повеќе од својот партнер и едноставно сметаат дека залужуваат и можат повеќе.
Нормално, кога парите се во прашање - ако пак не им е потребен маж кој финансиски ќе ги издржува, тие ќе бидат по пребирливи, бидејќи се самостојни, самоуверени и не мораат да се грижат за финансиките проблеми.
Другата причина се пронаоѓа во романтичните книги, филмови и бајки, бидејќи речиси сите жени пораснале со 'холивудски' љубовни приказни и врски, додека на оние во своето реално оклружување не им е посветено доволно внимание и се сметаат за "обични".
Од друга страна пак, мажите почнаа да се прилагодуваат на своите очекувања, ја прифаќаат рамнотежата на моќта помеѓу мажот и жената и по малку се плашат од помоќните жени, па тие се среќни ако пронајдат "доволно добра" партнерка, жена која според неговите критериуми не мора да биде совршена.
И додека во минатото мажите ги бираа жените, денес ситуацијата е обратна. Сега жените бираат мажи, а тие се среќни ако бидат одбрани од некоја која за нив и не е "толку лоша опција".