Заеднички оргазам
Многу ретко се случува партнерите да доживеат оргазам истовремено. Сепак, тоа не е невозможно, а еве и неколку совети како полесно да го постигнете...
...тоа блажено задоволство.
1. Опуштете се
Во текот на сексуалниот однос не смеете да се оптеретувате со тоа дека треба истовремено да го достигнете врвот на уживањето. Едноставно оставете тоа да се случи, но секако со малку труд и временско тактизирање.
Најважно од се е партнерите добро да се познаваат и духовно и телесно. Морате да знаете што вашиот/та партнер/ка сака, која му/и е омилена поза, кои му/и се ерогените зони и слично.
Исто така, многу е важно партнерите да не се срамат еден од друг бидејќи ако сакаат заедно да го доживеат врвот, мораат да си кажат еден на друг што точно сакаат, а што не и да го/ја наведат партнерот/ката на оние работи кои ги сакаат и возбудуваат и истовремено да ги спречат оние кои не им се пријатни.
2. Повремено одложете
На жените многу почесто отколку на мажите им треба повеќе време за да доживеат оргазм. Па затоа понекогаш е неопходно партнерот малку да почека.
Во овој случај се препорачува мажот да биде во некоја поза која не ја сака многу за разлика од жената која треба да биде во поза која ја излудува и во која најлесно доаѓа до оргазам.
Неопходно е да се контролира нивото на возбуда, да се намалува или поттикнува во зависност од возбуденоста на партнерот/ката.
3. Фантазирајте
Понекогаш е неопходно малку фантазија. При тоа дозволени се сите можни помошни средства како пријатна музика, миризливи свеќи, но и вашите прсти, бакнежи и милувања.
Ако еднаш успеете да доживеете заеднички оргазам, секој следен пат ќе ви биде се полесно, но не инсистирајте на тоа секој пат кога водите љубов.
Дозволете им на оргазмите да бидат спонтани, а не планирани и со однапред зададена цел бидејќи така ќе ја изгубите сласта на самиот оргазам.