Митови за машката сексуалност
Често се смета дека сите мажи се опседнати со автомобили, пари, спорт и на прво место – со сексот. Но, не мора секогаш да е така. Кои се десетте...
...најчести митови за машката сексуалност:
1. Мажите сакаат големи гради
Многу студии докажале дека само 25% од мажите сакаат големи гради, додека останатите 75% прво ги забележува симетричните црти на лицето, интелигенцијата и добрата смисла за хумор.
Исто така, докажано е дека жените повеќе се опседнати со големината на градите отколку мажите, па со тоа операциите за зголемување на градите во светот постојано расте.
2. Мажите мрзат кондоми
Точно е дека некои видови на кондоми можат да бидат “непријатни” за двата партнери, но денес се произведуваат кондоми од ултра тенок материјал кој го право сексот подобар, а партнерите поопуштени.
3. Мажите лажат за да дојдат до секс
Постои определен број на мажи кои лажат за да дојдат до оваа цел, но овој број не е ништо поголем од оние кои лажат за секојдневни работи како би си го олесниле или разубавиле денот.
Докажано е дека и жените и мажите лажат во иста мера, но за различни причини. Мажите лажат за да импресионираат, а жените за не го повредат партнерот.
4. Мажите во кревет “не траат долго”
Истражувањата докажаа дека во просек, еден сексуален однос трае од три до тринаесет минути, не сметајќи ја предиграта.
Секој пар има свој просек и тој зависи од енергијата и страста меѓу партнерите, а не како што се смета – само од мажот.
5. Мажите не се грижат за заштита од бременост
Жените постојано се жалат дека мажите не сакаат заштита и не се грижат окулу тоа. Но, фактите говорат дека жените имаат поголем избор на контрацепциски средства (пилули, дијафрагми, фластер, инекција), додека мажите имаат два избора – кондом или оној порадикалниот начин – стерилизација
6. Мажите не ги интересира дали партнерката доживеала оргазам
Себичноста во кревет е взаемна, а и поголемиот дел од мажите всушност смета дека не е доволно добар маж ако не ја задоволи својата партнерка.
7. Мажите сакаат порно филмови
Многу студии докажале дека мажите повеќе ја сакаат визуелната сексуалност од жените, но тоа не значи дека сите уживаат во порно филмовите.
Исто така, докажано е дека и жените често гледаат порно филмови, но мажите отворено зборуваат за тоа, додека ретко можете да најдете жена која тоа ќе го признае.
8. Мажите се плашат од анални стимулации
Веќе одамна е познато дека со стимулација на простатата, машкиот сексуален живот може во голема мера да се подобри, но постојат и стравови дека некој поради тоа да ги наречат хомосексуалци.
Истражувањата покажуваат дека се поголем број мажи се ослободува од ова прашање.
9. Мажите сакаат да ги преувеличуваат љубовните подвизи
Ова е исто така предивикано од машката желба да се прикажат како силни и посакувани за спротивниот пол и пријателите, но анкетите покажуваат дека во поголемиот број се работи за помали лаги од типот на “вчера сменивме повеќе од 20 пози” отколку да признае “водевме љубов половина час и заспавме”.
10. Мажите никогаш не се задоволни со големината на половиот орган
Факт е дека мажите се срамежливи кога е во прашање големината на нивниот полов орган, но она што најверојатно не го знаат е дека поголемиот дел од нив припаѓа на “средната категорија”.
Големината варира од случај до случај. Истражувањата докажаа дека припадниците на азиската раса имаат најмал просек (13 cm), додека најголем просек имаат африканците (17,5 cm). Европјаните имаат просек од 15,5 cm.
Се смета дека мажите се повеќе несигурни отколку незадоволни кога се работи за ова деликатно прашање.