Како да ставите крај?

kako-da-stavite-kraj-povekjeБез оглед на тоа дали врската траела долго или станува збор за кратка авантура, раскинувањето секогаш е тешко доколку доаѓа неочекувано.

 

Меѓутоа, ако се придржуваш до некои основни правила, можеш да си олесниш и себе си, и на партнерот.

kako-da-stavite-kraj

Не се мисли – вистински момент не постои, како ни вистински зборови. Биди искрен/а и директен/а.

Болест, преголеми обврски, семејни обврски...се лаги кои не се фер. Ако сакаш да го прекинеш контактот со личноста која на времето ти била мила, имај го тоа на ум.

Исто така, предлогот да не се гледате извесно време може да биде само контрапродуктивно, затоа што може да помисли дека сеуште има надеж, па да почне уште повеќе да се труди.

Секогаш лично соопшти му на партнерот дека е крај. СМС пораките се недозволиви, е-пошта или, не дај Боже, известување на некој од сајтовите како што е Facebook.

Ниту ти не би сакал/а некој да те остави на тој начин.

И местото е важно. Преполно кафуле, дискотека или било кое слично јавно место на кое има многу луѓе, не е добро решение. Може да се случи за другата страна тоа да биде многу тешко, да заплаче, а тоа не би требало други да го видат.

Затоа одбери место кое овозможува приватност, но тоа нека не биде она на кое сте се запознале, прв пат бакнале - значи, не она кое асоцира на старите убави времиња.

“Не сме еден за друг, барем јас не се чувствувам добро во оваа врска и не сакам да се гледаме повеќе” е една од добрите реченици – искрена и директна.

Така ќе ги избегнеш недоразбирањата или обвинувањата дека си лоша личност, фолирант, некој кој лаже, завлекува, повредува.

Кога ќе кажеш што си сакал/а не брзај со заминувањето, без оглед на тоа што тоа ти изгледа најлогично. Имај почит кон, сега поранешниот партнер, сослушај го и биди тактичен/на.

И, не го кажувај она што ниту ти не сакаш да го чуеш – “можеме да останеме пријатели”. Не можете - барем не некое време.

Со среќа и бидете искрени!

Би можело да ве интересира:

Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg