Правило кое треба да го запаметите: Сексот го вклучува телото. Добриот секс го вклучува мозокот
Сексот повеќе е психолошка игра, отколку физичка, затоа што вистинска убавина е кога постојано мислите на нешто, а го добивате многу тешко.
Во денешно време кога сè ни е сервирано, заведувањето речиси и да не постои, а сексот престана да биде предизвик.
Токму тоа е главната причина зошто сте незадоволни.
Таму каде што нема ментална стимулација, нема ни сексуална
Сексуалниот чин не почнува со допири, туку со разговор. Почнува кога мозокот го стимулираме со зборови.
Каде нема напнатост, нема ни олеснување
Клучна состојка за секс е напнатоста. Нема подобро чувство од напнатоста која виси во воздухот и едвај чекаме да ја зграпчиме, но не можеме. Што тогаш? Копнееме по неа.
Каде нема заведување, нема ни задоволство
Луѓето сакаат да заведуваат и да бидат заведени. Ултимативната цел е секс, но тој не е ни половично задоволувачки ако за него не мора да се помачиме. Подарокот е многу подраг ако е комплицирано завиткан и не можеме да го одвиткаме подолго време.
Каде нема поврзаност, нема ни страст
За сексот важни се емоциите, нешто што во вас ќе ја разбуди страста. Иако е пожелно, тоа не мора да е љубов. Може да биде лутина, среќа, еуфорија, физичка привлечност... било каква енергија која од нас ја влече страста.
Каде нема молење, нема ни угодување
Жешкиот секс е возможен само кога барем еден од партнерите толку силно го посакува, што е подготвен буквално на сè. Не можеме да ја доживееме убавината на допирот, ако за него не сме копнееле.
Предизвикот е клучот за фантастичен секс, запаметете го тоа наместо да го сервирате.