Комуникацијата меѓу партнерите е преценета
Можете со часови да разговарате и разговарате, но сите тие зборови се едноставно празни е вредни само за да бидат фрлени во канта за отпадоци бидејќи ништо не значат.
Добрата комуникација не е секогаш е и ексцесивно зборување. Добрата комуникација не бара големи зборови зад кои се крие чиста празнина.
Дали навистина има добра комуникација помеѓу вас и партнерот или станува збор за празни зборови?
1. Ние за сè зборуваме
Но, дали воопшто ги разбирате информациите кои ќе ви помогнат да го промените вашето однесување? Дали ги разбирате информациите или само зборувате, бидејќи и зборувањето е еден начин на шармирање на партнерот и еден начин да го придобиете.
Можеби многу зборувате, но тоа не значи дека ја кажувате суштината бидејќи суштината е посложена и покомплицирана од оние едноставните и банални работи.
Суштината е да се открие системот на вредности на партнерот, начинот на кој ги разбира работите и како реагира односно, забележување на оние најважните работи по кои може да се наиде на добар компромис.
2. Разговараме со часови
Станува збор за една од најзабавните работи во раните фази на врската која по некое време се губи бидејќи, времето за партнерите станува „луксуз“.
Поголемиот дел од партнерите се учат да комуницираат на тој начин што се изразуваат што е можно попрецизно на тој начин работите може да се сфатат буквално без губење на време и без многу упатства за тоа што треба да се прави.
Часовите на молчење стануваат уште подрагоцени отколку разговорите. Имајте на ум дека добрата комуникација не секогаш бара употреба на зборови.
3. Ние не се караме, ние се објаснуваме
Секако дека постои цивилизиран начин на разрешување на проблемите и недоразбирањата, но не постои врска во која нема понекогаш да бидете бесни на партнерот.
Секогаш ќе постои можноста дека единственото нешто што ќе ви биде потребно е начин да се „одмаздите“ на партнерот и да бидете иронични, саркастични и полни со бес.
4. Секогаш ги споделуваме чувствата
Тоа е супер и навистина убава работа, но така не ги менувате нештата. Тоа е буквално кажано само предигра за груб секс. „И што планираш да направиш во врска со тоа“?
Потребно е да се премине чекор подалеку од оваа основна фаза на досадно соопштување на емоциите. Потребни се примери кои ќе ги доловат емоциите. Успешно искажување на емоциите ќе биде тогаш кога ќе го натерате партнерот вистинки да сфати што се врти во вашата глава и како се чувствувате.
5. Искрени сме
Искреноста е меч со две острици. Искрени сте затоа што ви гризе совеста или пак сакате да се олесните или затоа што таа е вашиот императив и принцип? Во сите случаи може да се заклучи дека сте себични затоа што понекогаш искреноста и вистината не се еднакви.
Понекогаш е многу важно да бидете искрени, а понекогаш потребно е да ја откриете вистината за себеси.