Oсвои го засекогаш!
Сакаш да го освоиш, да му го свртиш умот? Повели неколку совети. Најпрво, мораш да настапиш како жена со сопствен живот. Спорт, кариера...
... уметност, хоби... не е важно. Мажите ги привлекуваат самосвесни жени кои не се опседнати со љубовниот живот.
Сепак, ќе мораш да ги почитуваш и неговите „други љубови“ – машкото друштво, фудбал во петок навечер, скијање со другарите, риболов.
Немој да се лутиш кога ќе исчезне на неколку дена. Секако, под услов да се врати уште позагреан за тебе. Мажите особено ги почитуваат жените кои имаат свој „мал свет“, а притоа не навлегуваат во неговиот. „Комплетно ме освојува девојката која ми остава простор да имам некое време само за себе“, изјавил еден испитаник за анкета за „Дејли Мејл“.
И жените со став исто така се неодоливи. Значи, мораш да знаеш што сакаш (или барем што не сакаш), дури и кога е сексот во прашање.
А кога сме веќе кај сексот - мажите најмногу се жалат од жените кои не превземаат иницијатива. Затоа опушти се и предложи, но и од време на време дозволи му да те „освојува“. Најди ја адекватната средина помеѓу заводничка и срамежливка, затоа што нив токму тоа и ги привлекува, барем според покажувањата од истражувањата.
„Одбивни ми се жените кои се нападни“ психолозите тврдат дека најчесто добиваат вакви одговори. Оваа нападност не се однесува само на сексот туку и на: мешањето во тоа што тој да облече, со кого да се дружи, како да си го уреди станот, кој автомобил да го купи. Особено последново!
Секогаш имај пофални зборови за неговиот автомобил, па каков и да е: „Старово југо е баш шармантно“ е супер коментар кога тој ќе дојде по тебе со автомобил стар 15 години.
А кога јукцето ќе изгаси и заради тоа касните, на пример, на кино, немој да мрчиш. Речи му „нема врска, ќе се гушкаме овде, без пуканки“, ако врската со него навистина ти значи.