Знаци кои ве откриваат: Дали сте романтични?

Со брзото темпо на живеење романтиката полека или изумира или ја менува својата форма. Сè повеќе се слуша за кратки врски, изневерувања, бракови од интерес, отколку за вистинска и искрена љубов.

znaci-koi-ve-otkrivaat-dali-ste-romanticni-01

Сепак, таму некаде, меѓу милионите луѓе сè уште се крие по некоја романтична душа која сè уште живее во времето некогашно, верува во љубовта со сета сила и убавина, се радува на малите нешта, го чека вистинскиот момент, вистинската љубов и верува во нејзината вечност.

Да, малку се таквите, но постојат и се надеваат дека ќе си го остварат сонот. Можеби и во вас се крие некоја романтична душа која се обидувате да ја потиснете за да се вклопите во времето.

Проверете ги знаците:

1. Верувате во судбина

За вас нема случајности, туку само судбина. Секој чекор, секоја срдба, макар и со непозната личност во кој веднаш се вљубувате, сето тоа за вас е судбина и така мора да биде.


2. Верувате во Вистинскиот/Вистинската

Уверени сте дека во животот само една е вистинска љубов, а сето останато е илузија. Верувате дека е само прашање на време кога ќе ја сретнете својата сродна душа.

znaci-koi-ve-otkrivaat-dali-ste-romanticni-1.jpeg

3. Верувате дека љубовта е вредна за чекање

Не е важно колку караници и раскинувања ќе поминете, колку солзи ќе пролеете во потрагата за љубов, но на крајот љубовта вреди и да се чека и да се бара.


4. Верувате во големи гестови

Големите гестови за вас се ултимативен доказ за вистинската љубов. Нема ништо подобро од букет со 101 роза кој ве чека после работа. Не е лесно да ви бидат задоволени желбите, но знаете дека вистинската љубов ги прави сите жртви.


5. Романтична енциклопедија

Без разлика дали се во прашања песни, писма или романтични филмови, нема нешто што не знаете или не сте виделе. Кога подобро ќе размислите, вашата идеална љубовна приказна изгледа баш како сценаријата на некои романтични филмови или љубовни романи кои секогаш одново ви ја враќаат вербата во љубовта.

Се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg