10 прашања кои мажот си ги поставува во првите 5 минути од запознавањето

Законите на привлекувањето диктираат личноста на другата страна забележува одредени карактеристики кои и се важни за одлуката дали сака повторно да контактира со вас или едноставно сака што е можно побрзо да излезе низ вратата.

10-detali-koi-mazite-gi-zabelezuvaat-kaj-zenite-vo-prvite-5-minuti-01.jpg

Ова особено важи за односот меѓу вас како девојка и момчето со кое сте на состанок. Тој ве проценува според тоа дали сте прикладно облечени, со каков глас зборите и каде го насочувате погледот. Пожелни се и повремените допири.

Ова се 10 прашања кои речиси секогаш им се вртат во главата и се клучни точки по кои ќе се одлучат дали сакаат повторно да го свртат вашиот телефон или ќе избегаат во првата погодна можност.


1. Зошто така зборува?

Девојките често сметаат дека доколку имаат повисок тон при зборењето со посилниот пол ќе изгледаат попривлечно. Тоа не е секогаш така. Кај некои мажи понискиот тон на глас звучи посекси и попривлечно.


2. Зошто ми се насмевнува?

Ова е општо правило кое не важи само за посилниот пол. Секој сака насмевка и секој сака да биде во друштво на весела и добро расположена жена. На повеќето мажи секогаш во главата им се врти прашањето: Зошто ми се насмевнува? Сака да е само љубезна со мене или нешто повеќе?


3. Што носи?

Постојат две опции. Или станува збор за облека која прави да му изгледате поженствено и попривлечно или ќе му изгледате како модна грешка која не е пристојна за првиот состанок.


4. Има ли смисла за хумор?

Можеби верувате дека имате одлична смисла за хумор, но секогаш останува и другата страна која треба да ги разбере вашите шеги и да се насмее на нив. Топката тука се поддава. Мажот со кој сте на состанок секогаш е загрижен за тоа дали остава добар впечаток кај вас подеднакво како што очекува и од вас да имате добра смисла за хумор.


5. Во што гледа?

Тој секогаш будно го следи вашиот поглед. Каде е насочен? Кон него или кон излезот?


6. Дали знае дека ја одмерувам?

Свесно или несвесно тој ќе ве прегледа од горе до доле и ќе размислува за можноста за секс.

10-detali-koi-mazite-gi-zabelezuvaat-kaj-zenite-vo-prvite-5-minuti-1.jpg

 7. Каков е тој мирис?

Ако сте употребиле некој парфем или тоалетна вода со силни ноти тој ќе проба да открие за каков мирис станува збор, но за жал неговото препознавање не оди понатаму од препознавањето на ванилата и лимонот.


8. Како се однесува кон келнерот?

Мажите секогаш внимаваат на тоа како се однесувате кон другите луѓе околу вас. Дали сте љубезни кон келнерот кој ве служи или му правите проблеми затоа што претпоставувате дека треба подобро да се однесува?


9. Зошто ме допира?

Посилниот пол е поласкан од вашите нежни и суптилни допири за неговата рака или рамо во текот на првиот разговор. Неопходно е да внимавате на тоа дали допирите се само начин да се доближите до него или се неприкладен начин на контактирање кој ќе го однесе разговорот во сосема поинаква насока од посакуваната.

10-detali-koi-mazite-gi-zabelezuvaat-kaj-zenite-vo-prvite-5-minuti-2.jpg

10. Каква е таа шминка?

Добро познато ни е тоа дека некои мажи преферираат девојка со природен изглед, а некои се привлечени од црвениот кармин на вашите усни. Во секој случај ова е уште едно прашање по кое тој се води и донесува одлука за тоа дали сака уште еден состанок или вечерта завршува тука.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg