Секс на прв состанок: Зошто ДА и зошто НЕ?
На оваа тема секогаш мислењата се различни и поделени. Додека едни сметаат дека правило е да нема секс уште на почетокот, други сметаат дека правилата треба да се прекршат и нема ништо страшно во тоа.
По тој повод направени се бројни анкети, па дојдено е до некои заклучоци од кои може да се извлечат неколку правила зошто ДА се има секс на првиот состанок или зошто да НЕ се има секс.
ДА
1. Двајцата сте одговорни возрасни личности.
Знаете дека се работи само за секс, знаете како се одвива, користите заштита, тогаш зошто да не уживате?
2. Може да правите што сакате
Малку авантура никому не штети, под услов да сте свесни во што се впуштате.
Не
1. Можеби е пребрзо
Првиот состанок е прв, потребно е време за запознавање и време кое е подобро да го поминете на друг начин.
2. Постои можност дека ќе се изгуби почитта
Не е секогаш така, но мажите кои лесно доаѓаат до секс, често го губат интересот и почитта кон жената која тоа лесно им го овозможила.
Дали сте ви за или против секс на прв состанок?