Сексот како лек: 8 причини за секој ден да водите љубов
Веројатно не ви е потребна некоја посебна причина за да имате секс со партнерот, доволна е само обостраната желба.
Но, ако баш барате некоја причина зошто тоа да го практикувате секојдневно без исклучок, постојат барем 8 причини кои се добри за вашето здравје и расположение.
Во првиот момент кога ќе почнете да се двоумите сетете се бар на една од нив:
1. Сексот е одличен начин за да се ослободите од стресот. Во текот на сексот, телото произведува допамин, ендофрин и уште неколку хормони од кои ќе се чувствувате добро и со заеднички сили ќе го елиминирате стресот.
2. Ако не сте некој љубител на теретаните, сексот може да ви биде одлична замена. Ако трипати неделно водите љубов по 15 минути во текот на цела година, тоа е исто како да сте истрчале 120 километри.
3. Сексот го зајакнува имунитетот. Имуноглобинот А е антиген кој е најважен во борбата против вирусите, а неговото произведување се зголемува во текот на сексуалната активност.
4. Практикувајте го сексот барем трипати неделно и ќе изгледате 10 години помлади.
5. Физичката активност која ја бара сексот го зајакнува срцето и го одржува целосното кардиоваскуларно здравје. Со помош на редовниот секс ги намалувате шансите за заболување од некоја срцева болест за 45 отсто.
6. Кај мажите редовната ејакулација го намалува ризикот од рак на простатата. Мажите кои имаат ејакулација 21 пат во текот на 1 месец имаат помали шанси да ја развијат ова болест во однос на мажите кои не го практикуваат сексот толку често.
7. Редовниот секс е еднаков како редовната менструација. Сексот помага во регулирањето на хормоните кај жените, а кога ќе се земе предвид дека стресот е најчеста причина за доцнење или изостанување на менструацијата, јасно е што може да биде лекот.
8. Кога ќе се собере сè – помалку стрес, посилно срце, поголема циркулација на кислород и задоволството кое го чувствувате во текот на сексуалниот чин, се добива одличен резултат.