Ако сакате да ви трае врската не треба да ги правите овие работи после сексот
Честопати несвесно многу парови прават некои работи со кои придонесуваат за партнерот да се чувствува лошо по завршениот секс.
Доколку тоа постојано се повторува врската може многу лесно да заврши, без да забележите која е причината.
Ако сакате да ви трае врската мора да избегнувате да правите неколку работи:
1.Трчате во тоалет
Повеќето партнери непосредно по сексот трчаат под туш. Со тоа покажувате одбивност и оставате впечаток дека сакате да ги измиете сите траги и да бидете чисти. Подобро е да останете прегрнати или да му предложите на партнерот заедно да се истуширате.
2. Потонувате во сон
Иако на многумина им е задоволство по сексот безгрижно да потонат во сон, тоа е најголемата грешка која може да ја направите. Немојте веднаш по завршувањето на сексот да се вртите на другата страна на креветот. Уживајте уште малку во допирите, по што ќе може да заспиете во прегратката на вашиот партнер.
3. Телефонски разговори
Доколку веднаш по сексот се јавите на некој од пријателите, оддавате впечаток дека партнерот не ви е важен и дека едвај сте чекале да завршите. Сите телефонски повици може да почекаат бар уште половина час.
4. Спиење во различни кревети
Некои парови се навикнати да спијат одвоено, што е во ред, но направете исклучок барем во ноќите кога водите љубов, останете во креветот заедно. Тоа ќе ви ја освежи врската и ќе ве поврзе со партнерот.
5. Истрчувате во кујна за да јадете
Ако веднаш по сексот истрчате во кујна за нешто да каснете, ќе делувате како едвај да сте дочекале момент за сексот да заврши за да се изнајадете. Избегнувајте го ова.
6. Спиење со децата
Во брак многу жени имаат навика да спијат и со децата и со партнерот во ист кревет. Но, тоа е лоша идеја доколку ја применувате по сексот. Децата нека останат во својата соба, а вие барем една вечер посветете му повеќе внимание на партнерот.