Тој ја следи својата сопруга секој ден во сè што прави, а причината ќе ве остави со солзи во очите (видео)
Ако не знаете да опишете конкретен пример за безусловна љубов, тогаш треба да го погледнете ова видео.
На почетокот тие се сосем обичен вљубен пар кој има нормално секојдневие, утринско будење и појадување, секој на своето работно место, па вечерта повторно заедно. Уживаат во сè што прават и во сите обврски кои ги имаат.
Сето тоа изгледа идилично сè до еден момент, кога девојката почнува да го губи видот. И понатаму се труди да прави сè како претходно, но веќе ништо не е исто.
Тој ја забележува, но таа не признава. Сè до еден момент кога мора да се соочи со вистината. Оттогаш сè е променето, но поради неговата љубов, посветеност и внимание навидум се чини како сè да е исто.
Тој секојдневно ја следи во сè што прави, без таа да знае, а причината е само неговата безусловна љубов која ќе ве остави со солзи во очите: