4 причини зошто да не се задржувате во зоната на пријателство по раскинувањето
Секоја долга врска која не прераснува во брак - завршува со раскинување, и тоа без исклучок. Не е лесно да се откажете од долгогодишниот пријател, од блискоста и веќе извежбаниот секс, но уште потешко е да останете во зоната на пријателството.
1. Нема да бидете ниту на земја, ниту на небо ако продолжите да се гледате
Колку и да сте искрени и отворени еден кон друг, сега веќе немате што да изгубите, ниту да добиете. Не ги одржувајте очекувањата и желбите некаде во воздухот, да лебдат. Така ќе си ги потрошите најубавите години непотребно.
2. На тој начин сигурно нема да ја завршите врската
Гледањето со бившиот на пријателска база нема да ви помогне да дојдете до конечниот крај и да заклучите дека можете понатаму сами. Ако веќе сте се исцрпиле и сте раскинале, секое продолжување на контактот е болна и ранлива состојба која нема да ја надминете никогаш.
3. Додека го имате бившиот како резерва, нема озбилно да се врзете за никој друг
Иако разумот ви е на ниво и разбирате дека тука нема иднина, се додека го гледате бившиот и се сеќавате на блискоста, разбирањето и сексот кои сте ги имале, не можете да започнете нова сериозна врска. Голема е веројатноста во овој случај да бирате партнери кои нема доволно да ве ангажираат и интересираат за да може во било кој дел од денот да му се посветите на претходниот.
4. Или сте заедно или не сте, се останато е слабост и глупост
Ова е единствената болна вистина која треба да ја разберете. Ако после раскинувањето го трансформирате односот во опуштена форма на повремено гледање и целосна слобода, тогаш сте слаби и занесени. А, слабоста никогаш ништо добро не ви носи во животот. Наместо тоа, пробајте да се занимавате со емотивната интелигенција која сигурно е способна допрва да расте.