6 лекции кои ги научив за 12 години брак
Без разлика дали имате искуство во среќен или несреќен брак, од секоја ситуација може да извлечете по некоја лекција.
Една авторка и блогерка, Џесика Димас, решила да ги објави своите 6 клучни лекции кои ги научила за 12 години брак.
1. Бракот е циклус
Ќе имате и добри и лоши периоди. Успеси и падови. Брда и долини. Немојте да мислите дека бракот е совршен или дека го немате она што е потребно за успешен заеднички живот. Тешките времиња се нормални.
Научив дека постојат периоди кога сме на подлабоко ниво. Користете го времето за да учите и да се развивате. Ниту еден брак не е константно совршен.
2. На бракот треба да работите посебно кога ќе имате деца
Со текот на годините забележав дека постојат периоди кога сопругот и јас се дистанциравме еден од друг. Како што на цвеќето му е потребна вода, така и на бракот му е потребно внимание. Бракот ќе биде послаб на периоди кога партнерите се фокусираат на себе.
Ова е полесно во првите години од бракот кога сè уште сте многу вљубени, но подоцна кога ќе дојдат децата малку се оддалечувате и се чувствувате како цимери. Кои одвреме – навреме си кажуваат „здраво“.
За нас омилено време беше вечерта кога можевме да ја погледнеме омилената програма. Тоа нам ни помогна да најдеме време во кое ќе правиме работи во кои уживаме.
Малите работи ви помагаат да останете поврзани.
3. Ќе правите грешки
И вие и вашиот партнер може да направите грешка, но мора да знаете да простите. Особено ако се работи за некои грешки од минатото. Не дозволувајте нешто што завршило порано да ви ја уништува сегашноста. Зад затворени врати ниеден брак не е совршен.
4. Не претпоставувајте што тој мисли
Ова веројатно беше и моја најголема грешка. Ми беа потребни милион ситуации за да сфатам дека не сум во право. Не читам мисли, иако мислев дека можам. Секојпат кога помислував дека тој размислува за нешто негативно, се покажало спротивното. Ако нешто ве интересира, прашајте го. Не погодувајте.
5. Почитувајте го партнерот
Секој сака да биде почитуван и да се почувствува како важна личност во една врска. Затоа пружете му ги вниманието и почитта на својот партнер.
6. Обрнете внимание на добрите работи
Ова е најдобрата лекција која ја сфатив и можам да ви ја пренесам. Звучи просто, но функционира. Кога ќе погледнете наназад во тешките ситуации кога не сте можеле да се поврзете со сопругот, напишете на лист што е она што ви се допаѓа во вашиот брак.
Набројте 10 квалитети кои тој ги поседува. Фокусирајте се на доброто. Секој ден напишете по 10 позитивни работи и повторувајте си ги. На тој начин не ги игнорирате работите поради кои сте заедно и кои можат да ви го спасат бракот.