Среќни заедно

srekjni-zaedno-povekjeЗа да можеме да ја цениме вредноста на она што го добиваме од партнерот, мораме да бидеме подготвени да пружиме дел од своето време, внимание...

 

...љубов, нежност и секако дел од себе.

Психолозите ја истакнуваат вредноста на давањето, иако многумина не посветуваат внимание на тоа, очекувајќи прво да добијат, а потоа да возвратат.

Психолозите велат дека оној кој не знае да даде, не знае ниту да прими. За srekjni-zaednoваквите личности секој подарок од материјална или духовна природа, нема никакво значење.

Сетете се сами да направите нешто за партнерот/ката без тој/таа да ве потсети или натера на такво нешто.

Подгответе му/и го омиленото јадење или измасирајте го/ја, ситните мали гестови понекогаш кажуваат многу повеќе од крупните подвизи.

Сeкогаш одвојте време кое ќе го поминете сами со партнерот/ката и ќе разговарате за вас двајца, а не за работата, семјството или пријателите. Покажете му/и на парнерот/ката дека се грижите за него/неа и сакате да го/ја разберете и да му/и помогнете.

Важните одлуки не ги донесувајте сами, консултирајте се со партнерот/ката. Доколку не се согласувате издвојте време за да се договорите и да ги усогласите ставовите.

Внимателно слушајте ги аргуменитите од другата страна, изложете ги своите, разговарајте и заеднички донесете одлука.

Секогаш гласно и јасно кажувајте што сакате, видовит партнер/ка тешко ќе најдете. Убаво е партнерот/ката понекогаш да ве изненади, но понекогаш морате и да му/и помогнете, а посебно на почетокот кога не се познавате доволно. Подоцна во врската ќе биде полесно да се препознаат желбите.

Малкумина од нас сакаат да бидат сами, но уште полошо е да имате некој покрај себе, а да бидете несреќни. Ако веќе навистина сакате некого и тој/таа ве сакав, потрудете се да бидете секогаш среќни заедно.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg