Глупави кавги кои ве очекуваат кога ќе почнете да живеете заедно

Заедничкиот живот не е ни малку лесна мисија. Дури и оние парови кои со години се познаваат, не успеваат така лесно да се научат на сите ситници кои со себе ги носи заедничкото будење и заспивање.

7-najglupavi-kavgi-koi-ve-ocekuvaat-koga-ke-pocnete-da-ziveete-zaedno-01.jpg

Многу навики треба да се променат, а и слободното време треба внимателно да се распореди. Токму затоа, кавгите се случуваат за најглупавите и најситните работи за кои мислевте дека никогаш нема да си преречете.

Сè што треба да имате на ум е колку го сакате партнерот и дека заедничкиот живот не може да започне без овие 7 банални кавги.

1. Повторно не ја спушти WC даската?

Иако мислевте дека не ви пречи, првиот камен за сопнување ќе биде токму даската во тоалетот. Мажите немаат навика да ја спуштаат, а жените пак се гадат да ја допрат со раце. Затоа важно е да постигнете одреден комрпомис. На пример, договорете се дека вие ќе го изнесувате ѓубрето од тоалетот секој ден, а тој да ја спушта даската.


2. Чорапите не треба да стојат на земја!

Валканата маица на кревет, чорапи на земја, јакна во дневна на тросед... и списокот нема крај. Таквиот неред често предизвикува ситни кавги, но за среќа и за нив има решение - пластична корпа за валкана гардероба.


3. Пак нема млеко!

Ви треба млеко за кафе, го отворате фрижидерот, но пакувањето е празно - ова сценарио нема на кој не му се случило. Ако партнерот постојано ја остава празната опаковка во грижидерот, нагласете му го тоа. Можеби не е свесен и тоа му е глупава навика. Плус, ставете парче хартија на фрижидерот и секој ден запишувајте ги намирниците кои ќе ги потрошите.


4. И денес не ги изми садовите?

Валканите садови се посебно иритирачки ако едниот партнер постојано ги мие, а другиот ги избегнува. Тука ќе ви помогне само пишаниот распоред.

7-najglupavi-kavgi-koi-ve-ocekuvaat-koga-ke-pocnete-da-ziveete-zaedno-03.jpg

5. Родителите повторно дојдоа без најава...

Штом се вселите, заедно во пакет со партнерот ги добивате и родителите. Тешко е да се согласите со саканата личност, а тек со свекрвата... Ако родителите на партнерот доаѓаат често и без најава тоа едноставно ќе го решите со разговор. Или барем замолете ги културно да ви се јават „за да можете да спремите нешто“ следен пат.


6. Зошто не ми се јави?

Постојаниот извештај за оној кој подоцна се враќа може да биде непотребен, но за оној кој чека дома е неопходна навика. Тоа често носи немир во односите, па затоа е доволно оној кој никогаш не се јавува да ја искуси истата ситуација. Верувајте дека ќе го начекате со чад низ уши.


7. Веќе воопшто не излегуваме...

Со заедничкиот живот излегувањата се ретчат, а тоа знае да биде причина за големи кавги. Партнерите почесто размислуваат што им треба за да го наполнат фрижидерот или какво средство за чистење да одберат, заради што романтиката умира. Најдобро е да си направите ден за состанок и да знаете дека тој ден во неделата не смеете да договорите ништо друго. Без оправдувања и исклучоци!

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg