Љубовта е во малите нешта - препознајте ја (фото)
Љубовта ја има во секојдневието, во сите мали нешта, чекори и погледи кои ги правиме. Барајќи некој голем доказ и дело, забораваме да се свртиме околу себе.
Ги одминуваме постапките на најдрагите кои се трудат на едноставен и скромен начин да ни покажат дека се грижат за нас, сакаат да ни угодат и да ни подарат внимание и љубов.
Доволна е искрена прегратка, мало изненадување, топла чаша чај, утеха во тешките моменти, уживање во пролетта, заеднички појадок, поддршката која секојдневно некој ви ја дава, погледот полн со љубов.
Сите овие работи ако подобро размислите ги добивате секојдневно, а не ги забележувате и не ги истакнувате, како кога ќе добиете некој скап подарок. Не ја пропуштајте, туку препознајте ја љубовта околу вас.
Еден корејски уметник решил да ги илустрира сите ситуации и моменти кои покажуваат дека вистинската љубов е во малите нешта.