Лоши љубовни навики со кои самите си штетите
Романтичните филмови секогаш претставуваат идеални врски, но во реалноста, љубовта ретко кога е совршена. За една врска да опстои потребно е постојано вложување. Понекогаш, не сме свесни дека со нашите добронамерни постапки ја саботираме врската.
Направете промена во вашиот пристап кон партнерот, сменете ги навиките кои и штетат на врската и уживајте во љубовната среќа.
1. Партнерот ви е секогаш на прво место
Врските бараат многу труд, но тоа не значи дека треба да заборавиме на самите себе. Во ред е партнерот да го ставите на прво место, но мора да признаете дека во некои ситуации семејството, пријателите или работата имаат предност. Ова не значи дека помалку го сакате партнерот, туку дека имате и други обврски. Не е лесно да се балансираат сите аспекти од животот и треба отворено да му признаете на партнерот дека не можете сè сами да постигнете. На партнерот тоа ќе му даде до знаење дека врската подразбира труд и посветеност од обете страни.
2. Ги избегнувате пријателите
На почетокот од врската тешко е да се одвоиме од партнерот, но на овој начин ризикуваме да ги изгубиме пријателите. Иако е сосема нормално повеќе време да му посветувате на оној кого го сакате, не треба да дозволите пријателите да се чувствуваат запоставено, бидејќи тие биле тука за вас и пред да го запознаете партнерот. Комуникацијата и дружењето со другите луѓе ве збогатува, а колку вие сте позадоволни од себеси, толку ќе бидете посреќни во врската.
3. Опседнати сте со партнерот
Секоја секунда мислите на него, постојано му испраќате пораки и го следите секој негов чекор - сето тоа звучи романтично, но, всушност е многу штетно за врската. Со вакво однесување можете да го „задушите“ партнерот. Треба да имате сопствени интереси и хобија, бидејќи тие ве надградуваат како личност и воедно се одлична можност понекогаш да се одморите еден од друг со партнерот.
4. Не можете да работите од партнерот
Сосема е нормално често на помислуваме на партнерот, особено кога сме на почеток на врската, но ако тоа тоа ни влијае на работата и на нашиот однос со другите луѓе, време е за промена. Посветете ѝ се целосно на работата и договорете се со партнерот да не се слушате преку ден бидејќи тоа ви ја нарушува концентрацијата.
5. Неговите чувства се поважни од вашите
Важно е да се внимава на туѓите чувства, но тоа не значи дека треба да ја жртвувате сопствената среќа поради среќата на партнерот. Во една врска треба и двете страни да се задоволни, но нешто не е во ред ако чувствата на партнерот се поважни од вашите. На овој начин на партнерот му давате до знаење дека вреди повеќе од вас а тоа остава долгорочни последици и во врската и во вашата психа. Јасно и гласно кажете што ве растажува, што ве прави среќна и што повеќе нема да толерирате.