3 изговори поради кои останувате во погрешната врска
Знаете дека не е тој/таа вистинскиот/та, но не се трудите да најдете нешто подобро или нешто да промените. Напротив, дури имате и свои оправдувања и изговори зошто да останете и понатаму во лошата врска.
Сигурно ќе ви досади и ќе зажалите за изгубеното време, па може да биде и доцна. Ова се трите најчести изговори со кои се тешите и залажувате додека останувате во погрешната врска:
1. Имате супер хемија
Добрата хемија е многу важна, но таа не е сè што ви е потребно во врската. Ако единствена причина поради која останувате во врската е добрата хемија, тогаш време е да направите некоја промена.
2. Сексот ви е одличен
Како и хемијата и сексот е многу важен, но никако најважен. Многу поважно е да се поклопите во другите полиња, а потоа сексот ќе биде неверојатен.
3. Долго сте заедно
Ова е убедливо најлошиот изговор за да останете во една врска. Тоа што сте долго заедно, не мора да значи ништо, особено ако не сте среќни во врската. Секако дека треба да се борите за некои работи, но не само затоа што сте се навикнале еден на друг.
Кои се вашите изговори?