Зошто да бидеш изневерен е најдобрата работа која може да ти се случи?
Прекрасно е да си вљубен. Сознанието дека некој те сака таков каков што си ти дава сила храбро да се соочиш со сите тешкотии и предизвици кои ги носи животот.
Моментот кога ќе дознаеш дека те има изневерено оној кој го сакаш повеќе од себе си е моментот кога светот ти се крши на милион мали парчиња.
Совршената љубов за миг се претвора во грда мрежа на лаги, измами и тага. Чувствуваш болка каква што никогаш досега немаш почувствувано. Залудни се утешните зборови од блиските луѓе, залудно е нивното охрабрувачко присуство. Се чувствуваш исплашено и безнадежно, животот преку ноќ ја загуби целата смисла.
Но, што ако неверството е всушност најдоброто нешто што можело да ти се случи? Сметај го ова за благослов, замисли како ќе ти беше ако неверството се случеше за десет години отсега. Се чувствуваш уморно и разочарано, но знај дека следат убави денови.
Место да собираш во себе лутина и болка, исфрли ги од себе сите негативни чувства.
Ослободи се од сиот бес, од сето разочарување и искористи ја тагата за да станеш најсилната и најдобрата верзија на себе си. Никогаш не прифаќај пораз и никогаш не дозволувај другите да ја имаат контролата врз твојот живот.
Биди сингл некое време. Уживај во сопственото друштво. Повторно откриј се себе си. Научи нови нешта, истражувај. Излези од зоната на удобност.
Не тагувај по тоа што е изгубено, радувај се поради тоа што го имаш. Фокусирај се на луѓето кои се уште се во твојот живот.
Посвети им се на интересите, научи нови работи, осмели се да ризикуваш, направи нешта кои никогаш не си ни сонувал дека ќе ги направиш.
Ќе те изненади новата енергија, новооткриената возбуда за авантури и новиот поттик секоја ситуација да се доживее до максимум. Ти и само ти си фокусот на твојот живот.
Полека ќе ти се зголеми самодовербата и ќе увидиш дека си силна личност.
Сега знаеш дека без разлика што и да се случи понатаму, ти ќе можеш да ги надминеш сите проблеми.