8 Најголеми лаги за женскиот оргазам
Ако некогаш се прашувате што се случува со оргазмот и зошто понекогаш е возможно да се постигне, а понекогаш не е, тогаш време е да дознаете нешто повеќе...
За подобро да го разберете тој феномен, откријте ги 8-те најголеми лаги за женскиот оргазам:
Лага број 1: Жените не можат да постигнат оргазам во текот на анален секс
Вистина: Некои жени постигнуваат оргазам за време на анален секс, бидејќи при оваа пенетрација чувствителноста е поголема. Па така, ако уживате во аналниот секс, тогаш дефинитивно можете да постигнете оргазам.
Лага број 2: Ако не можете да постигнете оргазам во текот на сексот, нешто не е во ред со вас
Вистина: Околу 70% од жените не постигнуваат оргазам редовно во текот на сексот, а тука главна улога игра возбудата на жената. Ако таа не е возбудена и не е заинтересирана за секс во тој момент, тогаш нема да постигне оргазам.
Лага број 3: После оргазам, жените не се поспани
Вистина: Некои жени и мажи се чувствуваат енергично после постигнување на оргазам, а некои веднаш заспиваат. Токму и затоа некои жени мастурбираат за полесно да заспијат.
Лага број 4: После оргазам, жените сакаат да се галат
Вистина: Некои жени чувствуваат жештина после оргазмот и не сакаат воопшто партнерот да ги допира. Некои пак сакаат да се гушкаат, но тоа нема никаква врска со полот, туку има разлика од човек до човек.
Лага број 5: Жените не можат да постигнат оргазам во текот на брзиот секс, бидејќи им треба повеќе време
Вистина: Жените кои тешко се возбудуваат, веројатно нема да постигнат оргазам во текот на брзиот секс. Но, тоа не важи за сите жени.
Лага број 6: Жената не може да доживее повеќе оргазми
Вистина: Повеќекратните оргазми постојат, но не секоја жена ги искусила. Тоа зависи од степенот на возбуда и траењето на сексот.
Лага број 7: Женската ејакулација не постои
Вистина: Ејакулацијата доаѓа од Г-точката, а ејакулацијата ретко се случува во текот на секс, односно почесто за време за мастурбација или користење на секс играчки.
Лага број 8: Жените не можат да имаат оргазам за време на сексот за една ноќ
Вистина: Тоа најмногу зависи од жената и нејзините верувања, стекнување на доверба и слично. Но, повеќето жени кои лесно доаѓаат до оргазам со постојан партнер, истото го можат и со странец.