Сè што треба да знаат жените за сексот до 35-та година

Многубројни истражувања покажуваат дека жените постари од 35 години најмногу уживаат во сексот. Главната причина е што го познаваат своето тело, своите желби и потреби.

se-sto-treba-da-znaete-za-seksot-do-35ta-godina-01.jpg

За да доживеете такво уживање, овие 5 клучни работи мора да ги научите пред 35-та година.

1. Правете го она што го сакате

Уживањето кое сексот може да ви го донесе е непроценливо, но само ако работите ги правите онака како што ги сакате. Не треба да ви биде срам да одбиете нешто што ви е непријатно, ниту пак да се срамите да пробате нешто што ве возбудува.


2. Експериментите не се табу

Довербата во долгата врска е најдобриот предуслов за слободно експериментирање. Кога двајца добро се познаваат, експериментите во креветот се повеќе од добредојдени. Испробајте, комбинирајте и уживајте.


3. Никогаш, ама баш никогаш немојте без заштита

Освен од несаканата бременост, се заштитувате од полово преносливи болести кои се многу почести отколку што мислите. Ништо не е вредно за ваков ризик.


4. Сакај го своето тело

Телото во 20-те години е прекрасно и затоа не треба да се срамите од него. Женската силуета е многу силно оружје на кое нема да одолее ниту еден маж. Затоа поиграјте си со сексапилот и истакнете го она што го имате.


5. Никаде не брзате

Сексот може да биде посебно интересен ако трае цела ноќ или цел ден. Посебно интересни се моментите на заведување, предигра, жешки паузи, мазење... Можностите се многубројни, затоа не се плашете да го продолжите дејството.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg