Ако не сте ги направиле овие работи, не сте подготвени за брак

Многумина кога се венчаваат запаѓаат во брачна криза и се прашуваат дали можело да биде поинаку. За да не ви се случи тоа, неопходно е да се изживеете претходно.

ako-ne-ste-gi-napravile-ovie-raboti-ne-ste-podgotveni-za-brak-001

Без оглед на љубовниот статус на сите им се чини дека другите подобро живеат. Оние кои се сингл мислат дека сите околу нив се во врска, а тие пак, мислат дека сите останати подобро живеат.

1. Отпатувајте барем еднаш некаде сами

Патувањето без друштво и партнер е едно од највозбудливите искуства воопшто. Ќе ве предизвикува самостојното снаоѓање во новите услови, но ќе доживеете и емотивен развој. Додека можете отпатувајте некаде сами и препуштете се на спонтаноста.

ako-ne-ste-gi-napravile-ovie-raboti-ne-ste-podgotveni-za-brak-2.jpg


2. Доживејте авантура

Авантурата подразбира романтична врска со однапред одреден рок на траење. Тоа може да ви се случи додека сте нa годишен одмор со некој кој таму ќе го запознаете или некој кој е дојден во вашата околина, но има броени денови на престој. Вреди да се опуштите и да не размислувате што после, туку само да уживате.

ako-ne-ste-gi-napravile-ovie-raboti-ne-ste-podgotveni-za-brak-1.jpg


3. Дајте му шанса на некој кој е целосна спротивност од вас

Ако вообичаено ви се допаѓаат високи и црни, излезете некогаш и со пониски русокоси. Ако сакате зборлести, дајте им шанса и на потивките и посрамежливи. Излезете со некој кој слуша поинаква музика од вас, има поинаков стил на облекување или му се допаѓаат поинакви работи. На тој начин може да научите нешто ново или да се изборите за својот вкус.

ako-ne-ste-gi-napravile-ovie-raboti-ne-ste-podgotveni-za-brak-6.jpg


4. Живејте со најдобрите пријатели

Пред да го пронајдете љубовниот партнер и животната поддршка подобро е да се обидете да живеете со најдобрата пријателка/пријател. Неверојатно искуство е да може да делите сè со некој кој ве разбира целосно, слично размислувате и се поддржувате. Тоа истото треба да го очекувате и од животниот партнер.

ako-ne-ste-gi-napravile-ovie-raboti-ne-ste-podgotveni-za-brak-3.jpg


5. Живејте сами

Ако можете да си дозволите, обидете се да живеете сами. Изолирањето во ваш дом ќе ве промени многу како личност. Така постепено се навикнувате на обврските, одговорноста, го зацврстувате карактерот и се осамостојувате и созревате.

ako-ne-ste-gi-napravile-ovie-raboti-ne-ste-podgotveni-za-brak-4.jpg


6. Излегувајте и журкајте се

Дури и ако сте повлечена и срамежлива личност која не ужива во големо друштво, обидете се да поминете некој период во кој постојано ќе излегувате, ќе се забавувате и ќе уживате максимално и без никакви ограничувања. Уживајте!

ako-ne-ste-gi-napravile-ovie-raboti-ne-ste-podgotveni-za-brak-5.jpg

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg