11 моменти кои ги доживувате само кога ќе ја пронајдете вистинската личност
На некои им се случува истото секојпат кога ќе се заљубат, а на некои им се случува само еднаш. Тогаш кога ја доживуваат вистинската љубов. Тоа се тие мали слатки моменти, нејасни чувства и многу прашања кои ни поминуваат низ главата затоа што ни се случува нешто посебно.
Понекогаш, колку и да ви се чини дека истото сте го чувствувале и за некој претходен, сепак нешто ви вели дека ова е посебно.
Некои моменти се доживуваат само за вистинската личност.
1. Оној момент кога ќе ја погледнете личноста и се прашувате дали и ова е уште една од оние авантури за неколку недели, или конечно ја најдовте вистинската? Стравот всушност ја покажува желбата.
2. Не ви е важно каков ви е љубовниот статус на Фејсбук. Тоа е последното важно нешто ако вие се чувствувате добро и уживате во љубовта.
3. Моментот кога не сте сигурни, но сè почесто помислувате дека сте вљубени во оваа личност. Тоа е тоа посебно чувство, ново чувство, кое е слично со многу претходни, но некако поинакво. Се чувствувате убаво, но ви се чини неверојатно.
4. Моментот кога почнувате да се прашувате дали и таа личност ве сака? Нервозни сте и несигурни. Колку и сè да изгледа идеално, не верувате дека е можно да е тоа – тоа.
5. Моментот кога личноста ќе ве погледне во очи, а вие чувствувате како да ви ја чита душата, или како на чело да ви пишува колку сте заљубени. Она што е најинтересно е кога истото и вие може да го прочитате во нејзините очи.
6. Моментот кога сите зборови и идеи кои претходно ви изгледаа како лигави, здодевни, или клише, почнувате да ги зборувате или правите. Наеднаш црвените срциња ви се омилен украс, држењето за рака или романтичната вечера со свеќи ви изгледаат толку посебно. Само затоа што сте заљубено сè добива поинаква смисла.
7. Моментот кога не успевате да сте контролирате или несвесно ви излетува „Те сакам“. Понекогаш и на двајцата истовремено.
8. Моментот кога немате проблем на цел глас да ја пеете омилената песна како да сте сами во автомобилот колку и тоа ужасно да звучи. Дури и не се лутите ако личноста ве погледне чудно. Знаете дека ужива само што е во ваше друштво.
9. Моментот кога имате ужасен ден, после кој само таа личност знае да ви ја каже најдобрата утеха, да ви предложи најинтересна идеја и да ви помогне да заборавите на сè што поминало.
10. Моментот кога сфаќате дека колку време и да сте поминале заедно со таа личност, ви фали веднаш штом се разделите. Наеднаш чувствувате како никој друг да не ви е потребен и сите други да не ви се доволни ако ја нема таа една посебна личност покрај вас.
11. Моментот кога се прашувате дали е тоа вистинската љубов која трае засекогаш, а срцето ви пулсира од радост и желба да трае вечно.
Сте ги доживеале ли овие моменти?