Како да го разликувате вистинскиот од погрешниот партнер?
Многу од психолозите тврдат дека уште при првиот контакт може да утврдите дали е тој вистинскиот партнер или погрешен. Постојат неколку критериуми според кои може да го разликувате доколку не сте сигурни.
1. Вистинскиот знае до каде му се границите со пиењето и не си дозволува да претера.
Погрешниот не е ни свесен за тие граници.
2. Вистинскиот знае кога е правиот момент да ја промени темата на разговор и има трпение да ве сослуша.
Погрешниот нема чувство дека е досаден, дека ви е непријатна некоја тема или дека премногу зборува за себе.
3. Вистинскиот флертува само со оние кои му се допаѓаат, но не по секоја цена.
Погрешниот се труди да ја има секоја девојка без разлика на квалитетот, важна му е бројката.
4. Вистинскиот ги исполнува ветувањата, не ги заборава состаноците или јавувањата, го почитува туѓото време.
Погрешниот знае да ги извиси пријателите и го памти само она што нему му е важно.
5. Вистинскиот секогаш се нуди за да ја плати сметката, но допушта и дамата да го почести.
Погрешниот или се расфрла со пари или чека другите да му платат.
6. Вистинскиот ќе ви го побара љубезно телефонскиот број, ќе ве одвезе до дома и ќе почека за прав момент да ве бакне.
Погрешниот ќе се понуди да ве однесе до дома само ако процени дека има шанси за нешто повеќе од бакнеж.