6 причини зошто некои жени се посебно лоши во кревет
Сите очајнички посакуваме сексот да биде совршен како на филм, но во реалноста речиси никогаш не е таков. Сепак, ништо не е случајно и неочекувано затоа што најголемите препреки се наоѓаат токму во нашата глава.
Овие 6 причини се главните виновници зошто некои жени се „помалку талентирани“ од други.
1. Тотално се несигурни
Ниту еден маж нема да биде воодушевен ако во креветот се зборува за салото на стомакот, или целулитот на задникот. Сожалувањето и истакнувањето на мааните не се од голема корист, односно, може само да му наштетат на квалитетот на сексот.
2. Опседнати се со своите маани
Тешко е да најдете жена која е совршено задоволна со своето тело. Сите дами имаат маани и тоа е во ред, сè додека не се опседнат со нив и не ги истакнуваат. За да си помогнете или за да и помогнете на партнерката, заврзете ги очите, пронајдете соодветна долна облека која ги покрива критичните делови или придушете ги светлата.
3. Не ѝ е до секс
Решението е брзо и едноставно - потребно ѝ е поголемо возбудување.
4. Ја скратуваат блискоста со мажот
Интимноста, физичката и емотивната, е клучна во секоја врска. Ако жената се труди да ја скрати интимноста како некој вид на казна, тогаш не можете да очекувате феноменален секс.
5. Од сексот прават оружје
Никогаш, ама баш никогаш не го користете сексот за да добиете нешто што сакате. Целото искуство на тој начин станува поевтино и побледо. Сексот би требало да е нешто во што двајцата партнери уживаат.
6. Не се трудат
Тоа што се во врска со години, често пати на жените им дава за право да бидат мрзеливи и несредени. Можеби звучи површно, но мажите се визуелни суштества и сакаат девојката и сопругата да им изгледа дотерано само за нив.