30 Реченици кои не смеете да и ги кажете за време на секс
Секако дека не морате да молчите за време на секс, но овие работи во ниеден случај не и ги кажувајте...
Овие 30 реченици кај неа ќе ја уништат секоја желба за секс, па за да не ви биде последен пат држете си го јазикот зад заби:
За време на предиграта гризнете си го јазикот ако помислите да и кажете:
1. Сите сме смешни кога сме голи.
2. Многу си слична на сестра ти.
3. Побрзо, ќе почне натпреварот.
4. Каде го научи ова?
5. Зошто сепак не го изгасиш светлото?
6. Помислив дека имаш градник на себе.
7. Сакаш гума за џвакање?
8. Црната боја навистина те прави послаба.
9. Нема врска што си заборавила да се избричиш.
10. Јас не користам кондоми.
За време на сексот гризнете си го јазикот ако помислите да и кажете:
1. Скоро си исто толку добра како и мојата поранешна девојка.
2. Мислам дека пред 10 минути ми пукна кондомот.
3. Ти се шегуваш?
4. Се надевам дека после ова ти ќе ја средиш спалната.
5. Готова си?
6. Се надевам дека не ти пречи камерата.
7. Прв пат ти е, така?
8. Шшш, мајка ми може да се разбуди.
9. На твојата пријателка тоа многу и се допаѓаше.
10. Голем е, нели?
Ако сакате повторно да ја видите, после сексот никако не смеете да и кажете:
1. Како рече дека се викаш?
2. Не морам да те испраќам, нели?
3. Да ти викнам такси?
4. Побрзо, ме чекаат на ручек.
5. Мразам жени кои мислат дека сексот нешто значи.
6. Моите пријатели имаа право. Одлична си!
7. Те молам немој ништо да и кажуваш на девојка ми.
8. Размачкана ти е шминката.
9. Морам да останам до утре?
10. Добар бев, нели?