8 знаци дека се претворате во љубоморна девојка, a ветивте дека никогаш нема да бидете

Иронично, некогаш ги мразевте љубоморните девојки кои постојано седеа со мобилните на дечковците, а денес неколку пати во денот проверувате да не имa некоја нова фотографија.

8-znaci-deka-se-pretvorate-vo-ljubomorna-devojka-a-vetivte-deka-nikogas-nema-da-bidete-01.jpg

Кога се работи за љубовните врски, некои ја будат нашата најдобра, но некои нашата најлоша страна.

Ако се препознаете барем во половина од овие знаци, веројатно оваа врска ве претворила во девојка каква ветивте дека никогаш нема да станете - љубоморна.

1. Барем 30 пати проверувате дали е онлајн

Да расчистиме една работа, само затоа што сте во врска, тоа не значи дека во секој момент од денот тој треба да ви биде достапен на месинџер или било која апликација. Престанете да проверувате кога последен пат бил вклучен. Ќе ви пише кога ќе може да зборува.


2. Го знаете секое име кое му коментира на фотографиите

Тоа значи редовна проверка на луѓето кои му се пријатели.


3. Опседнати сте со тоа кој од вас ја има моќта во врската

Си измислувате настани и планови за некои ноќи во неделата, само за да не му бидете премногу достапни? Не се борете да бидете недостижни и помоќни, тој план никогаш нема да биде во ваша корист.


4. Спонтано поминувате покрај неговата куќа/стан да видите дали е дома

Исто така познато како следење. И што ако ве види? Ќе отвори прозор и ќе ви мафне? Подобро не.


5. Ги проверувате профилите на неговите пријатели откако ќе излезе со нив, можеби ќе пронајдете нешто што не треба

Престанете да си го барате немирот.  

8-znaci-deka-se-pretvorate-vo-ljubomorna-devojka-a-vetivte-deka-nikogas-nema-da-bidete-03.jpg

6. Лажете дека ви пишал бившиот, само за да го изнервирате

Не постои логично објаснување за ова и никогаш нема да смислите едно. Лажењето само ви ја уназадува врската, ништо повеќе. И не, тој нема да ви биде благодарен затоа што сте му кажале.


7. Правите втор профил за да флертувате со него

Само колку да проверите дали ќе остане верен... Звучи познато?


8. Минувате часови анализирајќи го неговиот однос со пријателката, колешката, вашата пријателка

Она што треба да го научите е дека во истиот момент кога ќе се вмеша трета личност, врската започнува да тоне. Тогаш, зошто би сакале сами да си ја саботирате врската?

8-znaci-deka-se-pretvorate-vo-ljubomorna-devojka-a-vetivte-deka-nikogas-nema-da-bidete-02.jpg

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg