15 знаци дека тој сака секс во овој момент
Она што не се кажува со зборови, телото го покажува на подобар начин. Наместо да очекувате партнерот да ви каже директно дека сака да има секс со вас, потрудете се да го сфатите неговиот говор на тело.
Сите негови движења значат нешто и претставуваат знаци кои ја изразуваат сексуалната желба, а тој не може да ги скрие.
1. Длабоко вдишува кога ви се приближува, со што предизвикува ширење на градниот кош.
2. Му се зголемуваат зениците, бидејќи му се допаѓа тоа што го гледа.
3. Ги поткрева веѓите, како да се изненадува.
4. Се насмевнува повеќе од вообичаено и ги открива горните заби.
5. Несвесно ги влажни усните со врвот на јазикот.
6. Ве гледа во очи 80 отсто од времето на вашата комуникација, а остатокот од времето го поминува гледајќи во вашиот нос, уста и образи.
7. Се наведнува кон вас кога разговарате.
8. Несвесно започнува телесен контакт, дури и ако само нежно ја допира вашата облека.
9. Ги става рацете на колковите со раширени лакти од секоја страна.
10. Неговата карлица е свртена кон вас.
11. Кога ги прекрстува нозете, стапалата му се свртени во ваша насока.
12. Прстите на стапалата, исто така се свртени во насоката на која вие стоите.
13. Додека разговарате несвесно го допира својот врат со прстите.
14. Кога ве држи за раце, со дланките бара потпора во вашите дланки.
15. Вашата телесна близина кај него предизвикува ерекција.