Како до подолг секс?
Прераната ејакулација кај мажите е полесно да се исконтролира ако не се користат никакви лекови. Постојат неколку трикови кои е убаво да ги знаете...
...ако сакате да го продолжите траењето на сексот.
1. Мрдајте само со колковите
Во текот на сексот мажите често ја губат контролата над своето тело кое секако е резултат на целосната предаденост и уживање во сексот.
Кога ќе почувствувате дека пенисот полека ја превзема контролата, и станувате немирни, а во себе се плашите дека овој момент дошол пребрзо - едноставно застанере.
Смирете ги мислите и нивото на возбуда. Навлезете длабоко во партнерката и почнете да мрдате само со колковите со што ќе го дразните нејзиниот клиторис. Правете го тоа подолго време - двајцата ќе уживате долготрајно.
2. Мислите одведете ги во механичката работилница
Ако сакате сексот да трае подолго, најдобро е вашите мисли да ги испратите некаде далеку од она што го правите.
Тоа може да ве смири на кратко, но внимавајте да не се исклучите сосема па вашата партнерка да остане разочарана.
Морате да научите да ги контролирате своите мисли и да залувате константна телесна возбуденост и ерекција.
3. “Старт и стоп“ техника
Самото име кажува - непосредно пред оргазмот престанете. Оваа техника најчесто се совладува додека мастурбирате.
Резултатите се покажале како многу корисни. Кога ќе станете самосвесни и самоуверени за својата способност за прекинување и одложување на оргазмот - тогаш применете ја оваа техника за време на сексот.
4. Мастурбација пред секс
За да издржите подолго, пред половиот однос обидете се со мастурбирање. Оргазмот подарете си го пред да го доживеете и со својата партнерка. Така ќе ви биде потрбно подолго време за постигнување на втор, бидејќи веќе малку ќе бидете сексуално задоволени.