Овие се клучните зборови кои ќе ја доведете до лудило во кревет!
Добро познато е дека жените се повеќе сентиментални од мажите, дури и во кревет.
Не дека момците не се возбудуваат кога нежно им зборувате на увце или пак им кажувате дека се секси во тие боксерки, но сепак жените тоа ги возбудува уште повеќе од нив.
Освен обичното зборување понекогаш жените сакаат кога им зборувате валкано во кревет, затоа не срамете се и искористете ја својата фантазија за да и шепнете нешто секси.
Покрај сите зборови и комплименти кои ви паднаа на памет, клучните зборови со кои ќе ја доведете до лудило за време на секс или во текот на предиграта се: „Прекрасна си, многу ме возбудуваш, можеш да ми правиш што ќе посакаш”.
Зборовите не само што ќе ја направат да се почувствува убава, посакувана и сексипилна, туку и ќе ја направат да се возбуди до лудило знаејќи дека таа има целосна контрола врз вас.
Но, внимавајте, жените иако се повеќе сентиментални од мажите исто така се и повеќе интуитивни, така што доколку ги кажете магичните зборови без да ги мислите или чувствувате, нејзината интуиција ќе и шепне дека вие глумите!
Кои зборови на увце ве возбудуваат вас за време на секс?