Ако сакате да го задржите момчето, внимавајте какви пораки му испраќате!
Ако првпат излегувате со момчето, можеби е подобро мобилниот да ви остане во чантата. Прво нешто што ќе ви замери е постојаното куцање на мобилниот, затоа обидете се да се воздржите.
Ако успешно ви помине состанокот, важно е да знаете како да ја продолжите комуникацијата додека не сте заедно.
Колку и да се достапни сега бесплатните минути за зборување, смс пораките сè уште си имаат некоја своја убавина и романтика.
Лесно ќе смислите што да му кажете, но мора многу да внимавате за тоа како ќе изгледа пораката што му ја праќате.
Ако сакате да го задржите момчето, никако не смеете да дозволите вакви смс пораки:
Граматички грешки
Според истражувањата, 36 отсто од мажите не сакаат лошо напишани пораки. Ако сакате да се заблагодарите на добрата вечера, или убавиот состанок, тогаш внимавајте да не изгледа сето тоа неписмено. Ако сте културни бидете до крај.
Предолги пораки
Мажите не сакаат да читаат есеи на телефон, па потрудете се тоа што сакате да му го кажете да биде напишано со најмалку зборови. Остатокот кажете му го во живо.
Големи букви
Непристојно е, иритантно и непотребно.
Премногу паметни и формални пораки
Можеби понекогаш сакате да ги искажете своите интелектуални способности или духовитоста по пат на смс. Меѓутоа се покажало дека тоа може да биде контрапородуктивно, бидејќи постои опасност да не ве разбере или да се почувствува глупаво.
Пораки додека е на работа
Ако сакате повторно да го видите тогаш смирете го поривот за постојано да му пишувате додека е на работа. Дури 47 отсто од мажите тоа ги нервира. Освен тоа, не е лоша идејата да го натерате и малку да ве мисли или да му недостигате.
Љубовни пораки
Во ред е да му кажете нешто со што ќе сфати дека имате убави чувства, но никако не искажувајте сè што мислите и чувствувате, сепак мажите сакаат постојано да освојуваат.
Безобразни пораки
Ваквите пораки се во ред ако сакате само моментална авантура. Но, ако сакате да го задржите, жешките текстуални пораки со валкани зборови или фотографии, зачувајте ги за периодот после долга врска. Ако премногу се отворите наеднаш, нема да има интерес за истражување и посакување.