Станала порно ѕвезда за да си го спаси бракот
Хедер Лива е блогерка која пишува за љубовните проблеми и семејните теми. Неодамна ја напиша и приказната за тоа како се обидела повторно да го освои својот сопруг, убедувајќи го дека е порно ѕвезда.
Откако почувствувала дека тој сè почесто излегува, не ѝ обрнува доволно внимание и не го интересира, почнала да размислува што не е во ред со неа или нивниот брак.
Брзо сфатила дека се здебелила по породувањето, не се средувала доволно, не му посветувала внимание, а го очекувала тоа од него. Пресметала кога последен пат имале секс и колку пати го одбила со разни изговори.
Знаела дека мора да премине на главното и она што сметала дека му е најважно. Знаела дека ја изневерува со друга, но решила да се избори, да ја победи неа и да си го спаси бракот.
За да му го овозможи најдобриот секс во секое време, почнала сè повеќе да се информира, да гледа порно филмови и да оди чекор по чекор.
Прв чекор: Тело
Гледајќи ги згодните порно ѕвезди, знаела дека мора да престане да јаде и мора да ослабе и да направи целосна депилција.
Втор чекор: Облека и реквизити
Удобните пижами кои ги носела по породувањето ги заменила со секси долна облека, а разгледала и какви реквизити и помагала може да купи за да ја надополни предиграта.
Трет чекор: Главниот чин
Почнала да му се приближува и да го допира секојпат кога е во нејзина близина. Му се нудела во секој момент и секој дел од денот. На почетокот му била малку чудна, но кој маж би одбил такво нешто? Почнал почесто да е дома. Испробувале нови пози, се трудела постојано да му биде интересна.
Таман почнала да верува дека ја победува другата, решила да му ги провери пораките во мобилниот со надеж дека ќе најде порака: „Згрешив, ја сакам мојата сопруга и семејството“ или „Ти никогаш нема да го направиш за мене тоа што таа го прави“.
Но, наместо тоа нашла десетици пораки во кои тој сè уште флертува со неа. Единствените пораки кои ги нашла биле: „Неверојатна си. Прекрасна. Зборувај ми повеќе за тебе“. Тој ѝ го зборувал на другата истото што го зборувал и додека е во креветот со неа.
Се почувствувала како најголема будала, се спакувала и заминала заедно со бебето. Сфатила дека само се залажувала дека е на вистинскиот пат. Ништо не освоила и ништо не победила.
Но, научила дека не е секогаш сексот најважен. Во очајот го загубила достоинството, за да го спаси лошиот брак.
Оттогаш одлучила дека порно ѕвездата во себе ќе му ја покаже само на оној кој е навистина вреден и заслужува да ја види.