Послушајте ги овие 4 секс совети и ќе го доживеете најдобриот секс
Можеби не ви делува нешто посебно секси кога ќе останете сами дома, во пижами, стуткани во ќебе. Но, обидете се да ја разбиете монотонијата. Верувајте, ќе се исплати.
1. Гответе заедно
Готвењето во пар не е само забавно, туку може да биде романтично и секси. Свеќи, тивка музика, шише вино... Малку по малку, се некако води до спалната соба.
2.Топла купка
Ако сепак не ви се готви, ова е многу побрза опција која може да биде исто толку секси. И во кадата одлично се вклопуваат свеќите и виното, зачинети со малку морска сол.
3. Листа на желби
Земете хартија и пенкало и запишете сè што сакате да пробате. Самиот разговор ќе ве расположи и охрабри, а некои од запишаните работи можете веднаш да ги пробате.
4. Гледајте еротски филмови
Одморете од омилените серии и филмови и погледнете нешто различно. Можеби ќе добиете инспирација за нешто ново што сте заборавиле да го запишете на списокот.
Што чекате?