Што всушност значи да се биде во брак?
Сите сонуваат за својот идеален партнер, сродна душа со која ќе стапат во брак кога ќе дојде време и ќе имаат идеална љубов и семејство. Тоа е она што според некои непишани правила се пренесува со генерации како дефиниција за среќен живот.
Бракот се смета за позитивна состојба со која заокружувате некоја убава љубов и продолжувате да ја негувате.
Но, има некои работи кои нема да ги прочитате во книги и упатства, ниту некој ќе ви ги каже пред да се венчате.
Дури и да ви ги каже нема да ги сфатите сериозно, додека сами не ги доживеете.
- Не мора ништо да се промени по венчавката. Ако сте во вистинската врска и се венчате со вистинската личност, единствено нешто што ќе се промени се вашите адреса, презиме и статус.
- Фразата „во болест и во здравје“ ќе дојде до израз повеќе отколку што во моментот на изговарање ја размислувате. Кога ќе се грижите за партнерот додека е болен, пијан или депресивен и тој за вас, тоа е љубов.
- Бидете пријатели, а не клонови еден на друг, уживајте во она што и двајцата го покажувате и носите во себе.
- Никој не ви кажува дека кога се венчавате со партнерот, се венчавате и со неговата фамилија.
- Не се сфаќајте премногу сериозно, тоа води само до недоразбирања.
- Кавгите треба да ви бидат чисти, а сексот валкан.
- Дури откако ќе се венчате ќе сфатите какви мали луди навики има партнерот. Пеење наутро, свиркање, ждригање, но или ќе ги игнорирате или ќе ги засакате.
- Мора понекогаш да останете насамо со пријателите, инаку вашиот брак е осуден на пропаст.