Одговорете на овие 2 прашања и дознајте дали вашата врска има иднина
Заборавете на сите гатачки и направете го овој тест ако ве интересира дали сте во врска која ќе пропадне или успее.
Едноставно е. Не постојат никакви формули, туку само 2 прашања на кои треба да одговорите со партнерот.
1. Колку сум среќен/а што сум со него/неа и колку би бил/а среќен/а ако не сме заедно?
2. Како тој/таа би одговорил на ова прашање?
Професорите на Вирџинија универзитетот, Леона и Стивен, го поставиле ова прашање на 4.242 парови во тек на 6 години.
Изгледа дека оние кои сметале дека ќе бидат сосема во ред ако останат сами, се оние кои побрзо ја прекинале врската.
Што се однесува до второто прашање, само 40% од партнерите знаеле што точно ќе одговори другата личност.
А, всушност, клучот на сите проблеми во врската е тоа што не знаеме како се чувствува другата страна.
Како одговоривте вие?