4 добро чувани тајни кои женкарите не сакаат да ги знаете
Постојат момци кои се создадени за врска и љубов, но постојат и оние другите по кои тешко е да не ја изгубите главата, а уште потешко е дека некогаш ќе ги уловите и смирите.
За да не се излажете по сто и први пат, еве што треба да знаете, а тие никогаш нема да ви откријат:
1. Постои разлика помеѓу женкар и маж кој изневерува
Едниот тип на мажи треба да ги почитувате, а другите да ги презирате.
Женкарите имаат секс со голем број на девојки, но барем се искрени и директни. Овој тип на маж не крие дека моногамијата не е за него, па затоа би требало да го почитувате што барем го кажува ставот, колку и да не ви одговара.
Од друга страна пак, мажите кои изневеруваат треба да ги презирате. Тие се преправаат дека се во совршена врска, а многу пати скршнале од љубовта.
2. Повеќето мажи се верни толку колку што имаат опции
Едноставно е, мажите ќе останат во врска додека партнерката ги задоволува нивните желби во креветот и немаат потреба да ги прифатат понудите на другите девојки. Во спротивно, неговата лојалност зависи од опциите кои ги има.
3. Љубовниците ретко стануваат оние вистинските
Кога еднаш девојката ќе си дозволи да стане љубовница - тоа и ќе остане. Мажите одбираат сопруги кои имаат мајчински инстинкти и по малку наликуваат на нивните мајки или сестри, а вас ве гледа како сексуален објект, тоа е тоа.
4. Женкарот не може да го менувате
Не се лажете - женкарот не може да го промените во партнер и сопруг. Единствено што можете да направите е да го прашате кои се неговите планови и да очекувате болно искрен одговор.