7 работи кои треба да престанете да ги правите за да не си ја уништите врската

Во секоја врска постојат проблеми, но некои и самите партнери си ги создаваат меѓусебно. Сепак, многу често некои знаат да предизвикаат кавга и кога нема потреба, а со тоа само тивко ја уништуваат врската.

7-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-unistite-vrskata-01

Некои работи мора да престанете да ги правите, ако навистина ви е важно она што го имате.


1. Престанете да го шпионирате партнерот

Несигурноста и недовербата може само да ви ја уништат врската, а со шпионирањето нема ништо добро да постигнете.

- Не му го проверувајте телефонот, ниту бившите, ниту што лајкнува на Фејсбук.

- Несигурноста предизвикува несигурност.

- Ако не му верувате на партнерот не треба да бидете со него, зашто на крајот секако лошо ќе заврши.

7-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-unistite-vrskata-8.gif



2. Престанете да бидете љубоморни

Ако сте љубоморни секојпат кога партнерот сака да излезе со пријателите или колегите, само ќе го натерате да не ви кажува каде оди за да не правите драми.

- Смирете се. Ако постојано му префрлате на партнерот и имате љубоморни испади, барем објаснете зошто. Ќе сфатите дека причините се банални.

7-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-unistite-vrskata-2.gif



3. Престанете кавгите да ги претворате во војна

Сигурно си ги знаете слабостите меѓусебно, но тоа не значи да ги злоупотребувате и да кажувате работи кои не ги мислите само колку да излезете посилни во моментот.

Обидете се да се смирите и да размислите подобро дали го сакате крајниот резултат.

7-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-unistite-vrskata-3.gif



4. Не ги вметнувајте старите проблеми во новите кавги

Ако спомнувате нешто за кое веќе одамна сте разговарале и сте го расчистиле, значи дека сè уште не сте помирени со истото. Така, само го продолжувате и го зголемувате проблемот. Ако нешто сте завршиле не се враќајте назад. Нема ништо позитивно во тоа.

7-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-unistite-vrskata-4.gif



5. Престанете да поставувате услови и да изигрувате жртва за да ја држите контролата

Врзувањето е емотивно ропство и никогаш не е добра идеја. Не го условувајте партнерот со раскинување, заминување или заканување при секоја караница. Не го правете тоа и не дозволувајте никој да ви го прави вас. Секој одлучува за своите постапки.

7-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-unistite-vrskata-5.gif



6. Не ги објавувајте меѓусебните валкани работи на социјалните мрежи

Верувајте, никој од оние кои ви мислат добро не ги интересира за што сте се скарале со партнерот или каков идиот излегол. Згора на тоа, и сите да дознаат никој не може да ви помогне. Научете сами да ги решавате работите во врската.

7-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-unistite-vrskata-6.gif



7. Престанете да размислувате дека една личност може да ви биде сè

Можеби звучи романтично, но нема смисла една личност да има комплетно сè што и треба, да го сака истото што и вие и во сè да се согласувате.

Зошто би ви требала уште една копија на самите вас. Добро е да имате заеднички интереси, но ако не сакате истите работи, доволно е да го поддржувате партнерот и тој вас.

7-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-unistite-vrskata-7.gif

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg