Прв впечаток
Сите знаеме колку е важен првиот впечаток - а, успехот на модерните “speed dating“, каде може да разговарате со потенцијалниот партнер само три...
...минути пред да поминете на следниот, се покажува вистинит.
Нашиот прв впечаток, кој може да е резултат и на првите 2 секунди, е резултат на бројни евалуации и заклучоци.
Позитивните впечатоци вклучуваат контакт со очите, насмевка, конверзација.
Негативно може да влијаат тонот на гласот, непријатен мирис, неуредна коса, слаб стисок на раката, неуредна облека...
Некои психолози веруваат дека првиот впечаток е резултат на некои информации кои ние ги имаме за таа личност, и врз основа на тоа си креираме наш заклучок.
Негативните информации секогаш тежат повеќе од позитивните, па и негативниот прв впечаток секогаш може да се промени потешко отколку позитивниот.
Наместо тоа, психолозите тврдат и дека првиот впечаток е навистина важен и честопати точен, но никогаш немојте да се потпирате само на него.