Како реагираат мажите и жените кога ќе дознаат дека се изневерени?
Според светските истражувања докажана е теорија кај мажите и жените во која е тешко да се поверува, но сепак тестирајте се себеси и споделете го мислењето на оваа тема.
На истражувањето биле испитувани 100 мажи и 100 жени на кои им било поставено прашањето како би реагирале доколку дознаат дека се изневерени.
Голем број од мажите одговориле дека изневерувањето ќе ги повреди доколку жената имала сексуален однос со некого, повеќе отколку само да се заљуби во друг и да ги остави.
Би простиле заљубување, но секс никако.
Голем број од жените пак го одговориле спротивното, дека повеќе би им пречела емоционалната приврзаност на нивниот маж со друга жена, отколку тој да има секс со неа.
Би простиле секс, но заљубување никако.
Одговорите се сосема спротивни, но колку се вистинити иако се работи за светско истражување?
Кое е вашето мислење? Дали би простиле изневерување само ако се работи за сексуален чин?