5 причини зошто патите од сувост на вагината
Овој женски проблем е многу почест отколку што мислите, но добрата вест е дека е лесно решлив.
Ако ве интересира зошто патите од претерана сувост на вагината, прегледајте ги овие 5 причини:
1. На вашето тело му е потребно подолга предигра
Типичните жешки сцени обично почнуваат после едноминутна предигра, што е далеку од реалноста. Повеќето жени имаат потреба од малку подолго загревање, па затоа подобро е тоа да го разјасните во старт, отколку да имате „сув секс“.
2. Под стрес сте
Стресот негативно влијае на целиот организам, а често се одразува и на интимните делови. дури и ако директно не го убива вашето либидо, анксиозноста и притисокот се тесно поврзани со сувоста на вагината.
3. Земате лекови против настинка
Лековите против настинка или алергии ја сушат слузокожата во носот, но и вагиналниот секрет. Ова не е правило, но се случува кај многу жени. Влажноста ќе се врати само ако престанете со земање на лековите.
4. Пиете пилули за контрацепција
Помалку познат несакан ефект на овие пилули е токму сувоста на вагината. Затоа размислете за друг начин на заштита или задолжително користете лубриканти.
5. Неодамна сте се породиле
Породувањето и доењето предизвикуваат бројни хормонски промени, вклучувајќи го и пониското ниво на естроген, хормонот задолжен за одржување на вагиналната влажност. Неколку месеци по породување или откако ќе престанете со доењето, влажноста на интимната зона ќе се нормализира.