Дали е неприродно да живеете без секс?
Сите луѓе имаат сексуални органи, а дали ќе ги користат и колку често, за сопствено задоволство или за размножување, не зависи само од нивните предвидени функции, туку и од оној друг дел од сексуалноста, кој се однесува на енергијата, емоциите, психата и останати фактори.
Постојат луѓе кои се задоволни со себе и со својот живот, иако немаат ниту постојан ниту повремен секс, како што тоа го прават повеќето.
Сигурно познавате некој таков и веројатно често со други сте го коментирале и сте поставувале дијагнози и претпоставки кои најчесто резултирале со заклучок за непризнавање или неприфаќање на хомосексуалноста. Во многу случаи тоа е и една од можните вистини.
Но, има и сосема поинакви случаи кога некои мажи или жени остануваат сами бидејќи не наоѓаат соодветен партнер и не прифаќаат каков било облик на партнерство само заради секс или поради страв да не останат сами.
Други пак, не се доволно подготвени и не се снаоѓаат најдобро во сексот, но не дозволуваат тоа да им го диктира изборот на партнерот, ниту сакаат да трпат некого само колку да не бидат сами.
Ако недостатокот на вистински партнер значи и одрекување од секс, тие тоа го прифаќаат како најнормално чувство.
Брзо се донесуваат заклучоци дека таквите луѓе не живеат нормално и природно или во согласност со своите потреби.
Сепак, природно е сè она што им одговара на луѓето. Природата ни дава сè што ни е потребно, а како ќе го користиме зависи од нашите сфаќања, желби и потреби.
Сексуалноста не е врзана само со желбата за секс, туку пред сè во прашање е циркулирањето на енергијата во телото.
Кога ни е блокирана сексуалната енергија без разлика дали има секс или не, тоа се јавува низ здравствени проблеми во стомакот, карлицата и долниот дел на грбот, бидејќи во тие делови се наоѓа центарот за сексуална енергија.
Луѓето кои немаат секс, а немаат карактеристични здравствени проблеми, успешно ја канализирале својата сексуална енергија, бидејќи таа може да се трансформира и да се пренасочи.
Тоа не го прават намерно, туку само ја слушаат својата природа, а таа им ја одржува рамнотежата.
На многу луѓе сексуалноста им е најмалку важна, а има и жени кои својата репродуктивност ја користат само за да родат дете и потоа престануваат со сексуалната активност или со барањето соодветен партнер.
Некои ја користат, други ја трансформираат, трети ја канализираат сексуалната енергија, но ништо од тоа не е необично, туку е според личната природа.