Како на прв поглед да препознаете дали има девојка или не?
Девојки, сигурно често ви се случува да забележите некое ново симпатично момче, кое не го познавате и да се прашувате дали има девојка или не.
Се трудите да откриете, гледате во неговото друштво, претпоставувате, но не сте сигурни.
Сепак, не се потребни големи пребарувања и анализи, туку само неколку важни знаци, кои може да ги забележите на прв поглед.
1. Момците кои имаат девојка почесто се бричат.
2. Момците кои немаат девојка ги прифаќаат скоро сите понуди за пријателство од непознати девојки, за разлика од зафатените.
3. Телефонските разговори на момците во врска треаат многу подолго од оние на слободните.
4. Додека слободните момци уживаат во неколку пива со пријателите, зафатените почесто ќе ги видите во друштво на девојка како уживаат со вино или шампањ.
5. Ако го среќавате почесто во поголемо машко друштво, многу е веројатно дека нема девојка.
6. Паричникот на слободните момци секогаш е пополн од оној на момците кои често треба да ја почестат девојката.
7. Слободните момци кога одат во кино навистина сакаат да го гледаат филмот и бираат добро прегледно место. Зафатените пак, најчесто ги бираат крајните седишта и ако се со девојката, речиси и воопшто не знаат што се случило во филмот.