5 Клучни прашања кои вашиот иден сопруг мора да знае да ги одговори
Се сакате неизмерно, се разбирате, надополнувате, поддржувате, но тоа не значи дека и во бракот ќе биде исто како што ви е додека сте во врска...
Пред да му кажете „Да”, проверете дали навистина тој ги исполнува вашите очекувања и бидете подготвени на тоа што иднината ќе ви го донесе.
На вашиот иден сопруг поставете му ги овие 5 прашања:
1. „Кои се твоите верувања?”
Ако вие сте личност која ја сака сопствената религија, обичаите или ги почитува традициите, тогаш секако треба да знаете дали и тој исто како вас размислува. Повеќето проблеми во браковите се појавуваат поради фактот што двојката не се држи за истите верувања.
2. „Дали сакаш деца?”
Кажете му едноставно да ви одговори со „Да” или „Не”, бидејќи ако започне да кажува дека не е подготвен, му треба време или слично, а вие сакате што побрзо деца, тогаш бидете сигурни дека среќата нема да зачука на вашата врата.
3. „Дали си финансиски стабилен?”
Вашиот иден сопруг не треба да биде милионер, но сосема е во ред да знаете дали тој е финансиски стабилен, дали е кредитоспособен и слично.
4. „Знаеш ли да поправаш работи?”
Ако вие умеете да зготвите ручек, тогаш и тој треба да биде способен да промени сијалица, да ја поправи затната чешма во кујната, да закова шајка за ѕидот...
5. „Дали имаш интегритет?”
Покрај вас секогаш треба да имате човек кој ја цени чесноста и некој кој е морален и прави добро дело, дури и кога не добива ништо за возврат.