4 Жешки идеи за возбудлив празничен секс
Секогаш е добро за време на празниците на бидете на „лошата” листа на Дедо Мраз и да поминете време кое ќе биде вредно за помнење...
Во текот на празниците, освен размената на вообичаените подароци меѓу вас и партнерот или партнерката, можете да направите возбудата да порасне уште повеќе, а под „возбуда” се мисли на уште подобар секс.
1. Костими
Секако не класични костими. Момците можат да набават секси костим од Дедо Мраз, а за дамите костим од секси Баба Мразица. Ваквиот изглед ви гарантира незаборавно доживување.
2. Слатки
Лижавчињата можат да бидат одлична предигра, а секако девојките можат да ги искористат за да го заведат партнерот. Поиграјте си со шлагот и чоколадните торти во спалната соба и нема да згрешите.
3. Подарок
Тука имате две опции: или себе да се замотате како подарок, со една или две големи машни или на вашиот партнер/ партнерка да и подарите листа со желби и фантазии или некоја играчка, која би можеле да ја пробате заедно.
4. Елка
Поставувајте ја на различни места во станот па договарајте секој пат кога ќе се најдете до неа, да следува жежок бакнеж. Таквите бакнежи и самите светилки од елката водат кон повозбудливо секси расположение.