Зошто ја уништувате вашата врска со партнерот?

Во животот од голема љубов се прават големи грешки кои засекогаш остануваат како лузни врз врската со партнерот за кој мислите дека е оној вистинскиот.

zosto-ja-unistuvate-vasata-vrska-so-partnerot-1

Од страв да не го изгубите, вие го притискате сè повеќе во прегратки, не знаејќи дека го загушувате со своето присуство.

Гушењето е дел од овие 4 грешки со кои ја уништувате врската перманентно.

Сијамски близнаци

Постојано сте заедно, 24 часа, седум дена во неделата, што не е баш за пофалба. Доколку партнерот е оној вистинскиот зошто би избрзувале со голема приврзаност и неразделност како сијамски близнаци?

Ќе го имате цел живот до себе, бидете трпеливи и оставете простор за лична сатисфакција еден без друг, во спротивно врската ќе премине во затвор.

zosto-ja-unistuvate-vasata-vrska-so-partnerot-2

 Зошто да биде спонтано, кога може да биде испланирано?

Постојано планирате што ќе правите следниот ден заедно без да оставите работите да се случуваат спонтано.

Од денес наместо испланирано нека биде спонтано, верувајте дека врската ќе ви стане позабавна и никогаш нема да преовлада монотонијата од која толку се плашите.

Птица во кафез

Не само што сте заедно 24 часа во денот, седум дена во неделата, туку партнерот го чувате само за себе, не му дозволувате да излегува без вас, ниту со своите пријатели на кафе, а камоли на забава?

Правите голема грешка, го држите како птица во кафез која при првата прилика кога ќе ја оставите вратата отворена таа ќе избега на слобода.

Гушење во прегратки и бакнежи

Замислете како би било некој постојано да ве тормози со бакнежи, искажување на љубов на секои 5 минути или пак гушкање по цел ден?

Нормално е дека врската е место за сите овие работи, но не мора постојано да ги применувате, постојат многу поважни и посуштински од нив кои може да ги пробате без загушување, како на пример разговорот или сексот.

zosto-ja-unistuvate-vasata-vrska-so-partnerot-3

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg