Мобилниот издава: Еве како ќе откриете дали ве изневерува
Ако се сомневате дека вашиот партнер прави нешто што не би требало, важно е да ги познаете вистинските сигнали.
Мобилниот го држи исклучен подолго време или не одговара на повиците
Откако ќе се јави, измислува некоја глупава причина од типот „го оставив кај пријателот/ката“ или „немам мрежа“ само за да не се слушнете.
Го носи мобилниот во тоалет
Ако го носи за забава во ред, но ако слушнете дека постојано стигаат пораки или се обидува тивко да разговара и шепка, тогаш е време да го прашате кој е толку очаен што мора со него да зборува од тоалетот. Нека му/и стане непријатно.
Го крие мобилниот или е свртен со екранот надолу
Го крие мобилниот низ дома и постојано „не може да го најде“? Или ако веќе е до него/неа, тогаш е свртен со екранот надолу? Хм...
Батеријата на мобилниот трае многу пократко
Освен ако не се работи за катастрофален или стар мобилен телефон, тогаш нема оправдување за телефонот кој се гаси неколку пати во денот.
Повеќето контакти не се со нормално име
Механичар, пријател, доктор, комшија и слични имиња откриваат повеќе отколку што мислите. Ако доволно ја знаете личноста и сами ќе го забележите тоа по начинот на кој разговара кога „механичарот“ ќе се јави.
Непријатно му/и e кога го допирате мобилниот
Забележувате непријатност кога и да го земете мобилниот за да погледнете колку е саат? Тоа е доволно за да знаете дека нешто се случува.